Дваесет и трети збор | Прв Дел | 1
(1-15)

ПРВ ДЕЛ

Од илјадници убавини на Верувањето во АЛЛАХ,во овој дел ќе појасниме само пет и тоа како пет точки.

  • ПРВА ТОЧКА :

                    Човекот,со помош на светлината на Верувањето се возвишува до највисокиот степен, степен кој што по својата вредност одговара на Рајот,а со темнината на неверувањето паѓа до најнискиот степен; влегува во состојба која го води во Пекол. Бидејќи Верувањето го поврзува човекот со Семоќниот Создател,истото претставува врска. Ако е тоа така,тогаш човекот со Верувањето постигнува вредност која што во самиот него го разоткрива создателството на Аллах џ.ш и Алловите имиња.Невербата ја кине таа врска и следствие на тоа Аллаховото создателство станува скриено и добива вредност само во материјална смисла.Материјата пак е лажна и минлива односно не е вечна и таа ќе исчезне при што нејзината вредност ќе се сведе на нула..
    Оваа тајна ќе ја објасниме со пример.На пример,во човековите дејности,материјалните и уметничките вредности се одвоени, тие понекогаш се еднакви,понекогаш материјалниот дел станува повреден,а понекогаш се случува со материјалот како што е железото кое има вредност од пет гроша да се направи дело вредно пет лири.Притоа може пак да се случи за изработка на ретко древно дело,чија што вредност достигнува милион лири, да е користен материјал чија што вредност не е ниту пет гроша.Ете, ако едно такво уникатно дело дојде на пазар каде што се продаваат вредни предмети и земајќи во обзир дека се работи за дело на стар и врвен мајстор со големо искуство и ако при тоа се повикаме на сите тие атрибути на тој уметник,истото ќе биде продадено за милион лири.

нема глас