Дваесет и трети збор | Прв Дел | 4
(1-15)
Наспроти оваа страотна теминан имав само еден згаснат џепен фенер. Го запалив фенерот, низ неговата слаба светлина пред мене се прикажа страотна слика. На почетокот од мостот, кој што беше пред мене и околу него имаше страшни ламји, лавови, шудовишта па си реков : "Камо да имав среќа да не го носев со себе овој џепен фенер и да не ги видев овие страотии". На која страна да го завртев фенерот се сретнував со истите страотии. " Еех ! Си реков овој фенер за мене представува само главоболка". Се налутив и го фрлив фенерот на земја у тој се скрши. Со кршењето на фенерот како да допрев до едно копче кое влучува огромна електрична лампа, која од своја страна го осветли целиот свет и одеднаш темнината исчезна. Целата околина се исполни со светлина од таа лампа. Се покажа целата вистина. Погледнав и видов дека тој мост, кој што го бев видел, всушност беше пат, кој поминуваше низ убаво место низ една полјана. Забележав дека големиот гроб кој што го видов од мојата десна страна, од почетокот до крајот беше зелена и убава градина исполнета со луѓе кои помеѓу себе разговараат, вршат должности, служба и Го величат Бога и сето тоа го прават под водство на продуховени луѓе. А тегобните олујни бездна и стрмнини кои им се причинија од левата страна сега ми се прикажаа како место за набљудување односно возвишување, од каде се пространува убава глетка зад украсена, мила у привлечна планина. А страотните суштества за кои мислев оти се чудовишта, ламји, всушност беа питоми животни, како кротката камила, бик, овца, коза. И си реков:

"Елхамдулиллах ала нур-ил ИМАН"
(Му благодарам на Створителот за светлоста во верувањето).
нема глас