И секој, посебно, навидум како блескав дијамант, станува небаре згаснато стакло.Вредноста им е свртена само кон материјално животинскиот дел.Што се однесува на материјалните цели и плодови, тие се како што веќе рековме, во тој краткотраен век, во најмизерна, најзависна и најмачна животинска состојба, спаднати на тоа само да се проживее таа трунка од животот, после ќе изгние и ќе исчезне. Ете, така, неверувањето го урива својството на човештвото, од дијамант претворајќи го во јаглен.
- ВТОРА ТОЧКА :
Како што верувањето е Светлина која што го осветлува човекот и ги очитува сите Самеди писма (Аллах не зависи од ништо, а се е зависно од Него) напишани врз човекот, исто така Верувањето ја осветлува и целата вселена, спасувајќи ги со тоа минатото и иднината од темнина. Оваа тајна ќе ја објасниме со една случка која ја доживеав лично, а која на некој начин се однесува на една од тајните на следната реченица од Кур'анот:
اللَّهُ وَلِيُّ الَّذِينَ ءَامَنُوا يُخْرِجُهُمْ مِنَ الظُّلُمَاتِ إِلَى النُّورِ
Аллах е заштитник на оние кои веруваат,ги изведува од темнина восветлина. Сура Бакара,257
Така што:
Во состојба, во вид на занес видов две високи планини една спроти друга. Од едната кон другата беше изложен страотен мост, под него течеше длабока река. Јас се наоѓав на мостот.Светот беше обвиен од сите страни со густа теминина. Погледнав на својата десна страна и во таа бескрајна темнина видов еден голем гроб, односно го замислив. Погледнав кон мојата лева страна и како да се забележав како на страшните бранови на темнината се подготвуваат големи олуји, маки и несреќи. Погледнав под мостот и ми се стори како да видов прилично длабока бездна.