Дваесет и трети збор | Прв Дел | 2
(1-15)
Ако споменатото дело  биде изложено на пазар за грубо железо,за него може да се добијат само пет гроша,колку што вреди материјалот.
     Ете, и човекот е едно вакво вредно дело на Возвишениот Праведник,една исклучително нежна волшебна моќ,создаден како мал примерок на вселената,достоен на сјајот на сите имиња и носител на сите везови.
     Ако Светлостта на Верувањето најде место во човекот,тогаш сите горе наведени знаменити везови ќе блеснат под таа светлост.Тој верник со разум ќе ги чита и со една поврзаност ќе ги рефлектира,односно ќе рече јас сум дело на Семоќниот Создател и ја имам честа да бидам почестен со милоста и племенитоста,при што доаѓа до израз Аллаховата уметност на создавање содржина во човекот.Значи, Верувањето кое потекнува од приврзаноста кон Создателот,ги истакнува сите уметнички дела на Аллах џ.ш. Човековата вредност почива врз таа Аллахова уметност и огледалото на значењето на Самед (Аллах не зависи од ништо,а се зависи од Него).
Во тој случај овој безвреден човек, со ова почитување станува доминантна личност над сите други суштества,соговорник на Создателот достоен да биде гостин на Аллаховиот Рај.
    Во колку пак невербата,која што потекнува од кинењето на тие врски, влезе во човекот тогаш ќе потемнат сите негови значајни врски со Аллаховите Имиња кои не ќе можат да се очитуваат. Затоа,ако се заборави на Создателот, тогаш ниту знаменитите правци кои што водат кон Него нема да се распознаваат и како обично, ќе паднат. Голем дел од тие вредни дела и возвишени духовни врски се скриени, а оној дел кој што останува вечен и кој што е видлив со голо око, потпирајќи се на ниските причини на природата и случајноста паѓа мошне ниско.
нема глас