Дваесет и трети збор | Прв Дел | 5
(1-15)

اللَّهُ وَلِيُّ الَّذِينَ ءَامَنُوا يُخْرِجُهُمْ مِنَ الظُّلُمَاتِ إِلَى النُّورِ 

Аллах е заштитник на оние кои веруваат,ги изведува од темнина восветлина. Сура Бакара,257

    
Ја проучив горната Реченица од Кур'анот и се разбудив од таа состојба. Ете, тие две планини се почетокот и крајот од животот, светот на површината од земјата и светот на Берзахот, односно временскиот период поминат во гроб до повторното оживување. Мостот го представува животниот пат. Десната страна го представува минатото, а левата идното време. Џепниот фенер го представува самољубивиот и самоуверениот човечки его кој не сака да го слушне небесниот говор. А пак чудовиштата се овоземните случки и необичните суштества.
     Значи, човек кој верува во своето его паѓа во темнината на заблудата и свикнат да скита по темнина, личи на мојата предходна состојба на заблуда, и на џепниот фенер кој го симболизира недоволното знаење, минатото го гледа како голема гробница која се губи во темнината. Таквото негово знаење иднината ја прикажува како здивена олуја врзана за случајности, а случките и се што постои, дека представуваат по еден службеник во службата на Мудриот Милосник, кој ги прикажува како штетни и опасни чудовишта. Таквиот човек влегува во категоријата на оние луѓе на кои што се однесува следната реченица од Кур'анот:

وَالَّذِينَ كَفَرُوا أَوْلِيَاؤُهُمُ الطَّاغُوتُ يُخْرِجُونَهُمْ مِنَ النُّورِ إِلَى الظُّلُمَات

Ѓаволите се заштитници на оние кои не веруваат.Тие нив ги изведуваат од светлина во темнина. Сура Бакара,257

Доколку го постигне Аллаховиот Упат, односно Верувањето завладее во неговото срце, го крши фараонското его и ја послуша Аллаховата книга, таквиот човек ќе биде како во мојата втора состојба.

нема глас