ТРЕТА ТОЧКА :
Верувањето е светлина и моќ. Да, човекот кој ќе го достигне вистинското Верување, може да исе спротивстави и на вселената и врз основа на силата на своето Верување да се спаси од притисокот на случките. Ќе рече : " Му се препуштам наАллах " и во својот брод од животот врз брановите од случките големи како планина, ќе гледа со голема сигурност. Целиот свој товар ќе го предаде во рацете на снагата на Апсолутниот Моќник, спокојно ќе замине од овој свет и ќе се одмара во Берзахот, а потоа за да ја достигне бесконечната среќа, ќе полета кон Рајот. Во спротивно ако не се покори, под овојсветскиот товар не само дека не ќе може да полета, туку ќе падне на најдолните скалила.
Значи верувањето бара тевхид односно верување во еден Создател, тевхидот покорност, покорноста предавање во Божји раце, а предавањето среќа на двата света.
Но немој да разбереш погрешно! Предавањето односно потпирањето врз судбината не значи и отфрлање на сите причини: Можеби, знаејќи дека причината е завеса на Моќта, таа треба да се прифати, а делување врз причините да се разбере како еден вид на молитва преку дејство, односно само од Него да се бара и на Возвишениот Праведник да Му се препишуваат резултатите, и само Нему да Му се благодари.
Примерите на оние кои му се препуштаат или не, на еден Аллах, слични се на ова предание:
Двајца се натовариле со товар на своите глави и врз своите плешки, купиле билет и се качиле на брод. Едниот од нив со самото качување на бродот, својот товар го спуштил, седнал врз него и го чувал, другиот бил малку приглуп, воедно самоуверен и не сакал да го спушти својот товар. Му било речено :