Дваесет и трети збор | Прв Дел | 9
(1-15)
  • ЧЕТВРТА ТОЧКА :

     Верувањето човекот го прави да биде човек, па дури и Султан. Ако е тоа така, тогаш човековите основни должности се Верувањето и молитвата. Неверувањето човекот го прави бедно животно.
    Од илјада докази, кои што се поврзани со ова прашање, само разликите во човечкото и животинското доаѓање на овој свет се доволно јасен и цврст доказ.
    Да, дека верувањето кај човекот ја зацврстува неговата човечност, покажуваат и разликите помеѓу човекот и животните по доаѓањето на овој свет. Животните, доаѓаат на овој свет како да се подготвени во некој друг свет, доаѓаат односно се испраќаат совршено оспособени. На пример, за време од два часа, два дена или два месеца, во потполност ги развиваат своите способности, ги совладуваат сите услови за живот, односно со целата вселена и останатите природни закони. Животните можности и работната способност која што човекот ја постигнува за дваесет години, животното како врапчето или пчелата ги совладува за дваесет дена, значи дека е вдахната, односно така е створена. Према тоа, основната должност на животното не е усовршување преку учење, ниту пак тоа е напредување преку користење на постигнатото знаење да го спознава непознатото, ниту пак покажувајќи ја својата слабост ќе бара излез, спас и ќе исполни молитва, можеби нивната должност е дејство, за што, впрочем се оспособени, односно работа и вршење на должности преку своите постапки.
   Што се однесува до човекот, по доаѓањето на овој свет тој животните законитости не ги познава и има потреба се да научи. Но тој за време на дваесет години сите животни закони и не може да ги научи. Можеби понекогаш е присилен да учи и до крајот на животот.

нема глас