Дваесет и трети збор | Прв Дел | 10
(1-15)
       Покрај тоа на овој свет е пратен како слаб и немоќен, првите години од животот одвај е способен да стои на нозе. До своите петнаесет години тој одвај да може да го разликува доброто од лошото, единствено благодарејќи на своето социјално битие, може да биде полезен и во едно да се спаси од злото.Значи, природната должност на човекот е да напредува, да се усовршува со учење, со молитва да врши должност, однсно да знае со Чија Милост вака мудро е воден? Со Чија Племенитост е вака благо воспитуван и одгледан? Каков ли е Тој Некој Кој со својата добрина вака нежно го храни и управува? И Оној што го снабдува со се што му е потребно и Кој што му исполнува илјада потребштини, од кои, до една, дури со рака не може да досегне, со јазикот на немоќ и слабост силно да се моли, да бара и да се моли, односно со крилјата на немоќта ислабоста да полета до високите степени на вршење на должности. Значи човекот на овој свет е дојден за да се усовршува со помош на науката и молитвата. Во поглед на својствата и способностите се е врзано за науката. И сиот темел на изворот на светлината и духот на вистинската наука е содржана во спознавањето на Аллах џ.ш. а нејзиниот темел е верувањето во Аллах џ.ш.
     Притоа, поради тоа што човекот е беспомошен и со безброј слабости и несреќи, човекот изложен на безбројни напади на непријателите, но воедно со бесконечната своја немоќ има и неограничени желби. Покрај верувањето неговата основна и природна должност е исполнување на молитва. Што се однесува до молитвата таа е основа на вршењето на должностите. Слично на детето, кое штом не може да го добие она што го бара, плаче или упорно го бара односно со дело или со зборови на јазикот на немоќта, моли и ја постигнува целта. Така и човекот меѓу целиот жив свет е како нежно, мило, кревко дете.
    
нема глас