Дваесет и трети збор | Прв Дел | 13
(1-15)
Како што со заоѓањето на Сонцето настапува времето на вечерното клањање, така и со помрачувањето на Сонцето и месечината настапува времето на посебни должности односно време на кусуф и хусуф намаз (клањање), односно бидејќи помрачувањето на светлосните докази преку ноќта и преку денот, се причинa за објавување на Аллаховата Големина, тогаш Возвишениот Праведник, во тоа време ги повикува своите робови да исполнуваат еден вид должност. Значи тоа клањање не е поради отклонување на помрачувањето на Сонцето и Месецот чие времетраење и престанокот е познато и врз основа на астролошките пресметувања. Исто така и сушата е верем на клањањето за дожд. И брановите на несреќите, односно случувањето на поедини незгоди е верме одредено за поедини молитви, со цел човекот да ја свати својата немоќ, па со молитвата и молбата да се засолни под закрилото на Апсолутно Моќниот. Ако пак и по многуте молитви, не се тргне злото, не може да се рече: " Молитвата не ми е услишена (примена) ". Би требало да се рече : " Времето за услишување мојата молитва се уште не е приспеано ". Воколку Возвишениот Праведник, поради својата племенитост и големина ги тргне несреќите тогаш тоа е светлина над светлината, тогаш завршува времето на истата молитва, односно таа бива исполнета.
Значи, молитвата е тајна на извршувањето на должностите спрема Аллах. Што се однесува до извршувањето на должностите тие мора да биде исклучиво во името на Аллах џ.ш. Нему треба да Му се приклонуваме со молитва исклучиво за покажување на својата слабост, при тоа немешајќи се во Неговото Господарство. Предострожноста треба да Му се препушти Нему, да се потпреме врз Неговата Мудрост и да не се жалиме на Неговата Милост.

нема глас