Дваесет и трети збор | Прв Дел | 14
(1-15)
      Навистина, се што постои, секој за себе Го слави и велича Аллах џ.ш. и на свој начин Му изразува покорност и пред Него се поклонува за што потврдуваат и не известуваат Кур'анските објави, се она што во целата Вселена допира до Аллаховите порти е молитва. Или пак молитва со јазикот на способноста, исто како и молитвата на целито растителен и животински свет, секои од нив со јазикот на својата способност од Апсолутно Дарежливиот за себе бара облик и со разоткривањето како таква, сака да биде носител на Неговите Убави Имиња. Или пак со јазикот на потребите во рамките на Божјиот закон прави молитва за неопходности кои се вон моќта на целиот жив свет, при што секој од нив со јазикот на природните потреби, од Апсолутно Дарежливиот во облик на снабдување го бара она што му е потребно за продолжување на животот. Или пак молитва со јазикот на потребата, на секое духовно битие што останало во тешка положба, со едно цврсто и искрено приклонување се моли, на Невидливиот, Непознат Заштитник, се врти кон својот Милостив Господар.
   Овие три вида на молитва воколку не постои пречка, секогаш се услишени.
      Четвртата и највообичаена молитва е таа кон која се приклонуваме, и се состои од два дела :
      
      Прв, со состојба и дејство ;
      Втор, со срце и јазик.

      На пример: Работата нешто да се оствари е молитва со дејство, меѓутоа собирањето и исполнувањето на сите услови не е поради остварувањето на целта, туку преку јазикот на состојбата, барање резултати од Возвишениот Праведник и постигнување состојба со која Тој ќе биде задоволен. Дури и орањето на нива представува чукање на портите на ризницата на милоста. Со оглед на тоа дека ваква молитва со дејство која е упатена кон имињата и својствата на Апсолутно Дарежливиот веројатноста таа да се прифати е голема.
нема глас