Пред портите на Милостивиот Снабдувач потребно е да се моли со плачот на беспомошниот и немоќниот или со скрушена желба и барање, а се со цел да го добие она што го сака, а штом ја постигне целта се оддолжува со благодарност. Во спротивно, ако како едно глупаво и рагалено дете, кое што кога ќе здогледа комарец вреска, вели : " Се што е невозможно да се потчини, па и илјада пати појаки страотии, јас ги подвргнувам под својата моќ и со својот ум и внимание ги покорувам кон себе." , ќе биде одвлечен во неверство и неблагодарност, бидејќи тоа е во спротивност со соновите на духот на Божјите закони на создавањето на човештвото, поради што заслужува тешки маки.
* ПЕТТА ТОЧКА :
Бидејќи Верувањето има потреба од молитва како цврста и нераскинлива врска и бидејќи човековата природа има голема потреба од неа и Возвишениот Аллах, во смисла "Да не е молитвата што ја правите, каква би била вашата вредност ", Притоа тоа објавува
قُلْ مَا يَعْبَأُ بِكُمْ رَبِّي لَوْلَا دُعَاؤُكُمْ
Кажи : " Мојот Господар не би обрнал внимание на вас да не е вашата молитва" Сура Фуркан 77
и наредува :
ادْعُونِي أَسْتَجِبْ لَكُمْ
Молете Ми се Мене па Јас да ви одговорам. Сура Му'мин 60
Ако пак речеш: " Колку пати се молиме, но не ни се услишува молитвата ", иако реченицата е општа, докажува дека за секоја изучена молитва постои договор.
Одговор : " Едно е да се одговори, а друго да се услиша упатената молитва. За секоја упатена молитва постои одговор,меѓутоа истата да се услиши и да се исполни бараната желба е во согласност со мудроста на Аллах џ.ш. "