Дваесет и трети збор | Прв Дел | 12
(1-15)
              На пример болното дете ќе рече :
             " Те молам докторе, помогни ми. " 
          Лекарот на тоа ќе одговори :
         " Те слушам, кажи што сакаш? " 
          Детето : " Дај ми го овој лек " 
          Лекарот, или ќе му го даде истиот тој лек што бара детето, или пак врз основа на тоа што му е потребно, ќе му препише уште подобар лек, или пак знаејќи дека ќе му наштети нема воопшто да му го даде.
    Ете,бидејќи Возвишениот Господар е Апсолутно Мудар, кој секаде е присутен и се гледа, ќе одговори на мобата на својот роб. Со својата присутност и одговор, пустошот и стравот од самотијата тој ќе ги претвори во блискост и топлина. Меѓутоа, не врз основа на човешките упорни потреби и желби, сигурно е дека на човекот врз основа на Аллаховите мудрости ќе му биде дадено бараното, или поарно од тоа, или пак ништо нема да му биде дадено.
   Притоа молитвата представува понизност и вршење на должност, а што се однесува на понизноста и вршењето на должноста неговите резултати ќе бидат дадени во вечниот живот. Воколку намерите на молитвата се овоземски, значи дека е дојдено времето за таа молитва и времето за извршување на должностите но нејзините намери не се и нејзини цели.
   На пример, клањањето и молитвата за дожд представуваат извршување на должности према Аллах (односно вршење на Ибадет). Сушата пак покажува дека е дојдено времето за извршување на тие должности, но незначи дека извршувањето на должностите и молитвата се прават за да дојде дожд. Воколку пак се прават исклучиво со таа намера, тогаш таа молитва и вршењето на тие должности како неискрени, не се вредни да бидат услишени.
нема глас