Дваесет и трети збор | Прв Дел | 6
(1-15)

   Тогаш вселената ќе ја прими бојата на денот, додека Аллаховата Светлина ќе го исполни целиот свет.

اللَّهُ نُورُ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ 
Аллах е светлината на небесата и земјата. Сура Нур,35

  
Вселената ја чита горната Реченица од Кур'анот. Тогаш изминатотот време веќе не е никаква голема гробница. Со окото на срцето таа ги гледа групите на луѓе со чиста душа, кои во секое столетие, под водството на Аллаховиот Пратеник или продуховените луѓе, ги извршувале своите должности како што се верските должности и по завршетокот на нивните животни должности, велејќи : " Аллаху Екбер " ( " Аллах е Голем " ) се извишувале до високите степени и преоѓале на страната на иднината . Човекот, гледа на својата лева страна и со истата Светлина на Верувањето дури зад огромни планини од далечина ги разликува промените во Берзахот (временски период поминат во гроб до повторно оживување) и на Снабдителот во дворецот на рајските градини. Притоа знае дека случките како што се бурите, земјотресите и епидемиите се службеници под контрола. Пролетните бури и дождови на изглед страотни, всушност се извор на убави и длабоки мудрости. Смртта ја гледа како нов почеток на вечниот живот, а гробот како врата на вечната среќа. Останатите делови спореди ги сам и спроведи ги во дело. 

нема глас