Потоа увидува дека Племенитиот Добротвор го храни човекот со духовни и материјални уживања на благодетите, а тој, преку дела, зборови, па дури кога би можел и со сите чувствта и сетила би Му возвраќал на Аллах со благодарност.
Потоа увидува дека Возвишено Убавиот во огледалата на се што постои, откривајќи ја својата големина, совршенство, моќ и убавина, го привлекува вниманието на поглед. А човекот за возврат, изговарајќи "Аллах е Голем" , "Аллах е мој Сопственик" покорно, задоволно, со љубов Му се поклонува.
Потоа увидува дека Апсолутно Богатиот, во една апсолутна дарежливост го покажува своето безгранично богадтсво, богатството на својата ризница. А човекот, за возврат, го величи и со потполна покорност го возвишува, ја изјавува својата сиромаштија, се моли и бара од Аллах.
Потоа увидува дека Севозвишениот Создател земјината површина ја создал како изложба на која се изложени сите ретки, вредни уметнички дела. И човекот за возврат на ова велејќи МашаАллах односно " По Аллахова Воља", ги признава тие вредности.
БарекАллах "Бериќетно да го направи Аллах", вели тој со благодарност.
СубханАллах "Аллах е вон сите недостатоци", изговара со воодушевеност.
Аллахуекбер "Аллах е Голем", изговара со восхит.
Потоа сфаќа, дека Апсолутно Еден, во овој вселенски дворец со печати на кои им нема рамни, со печати кои му припаѓаат само Нему, со укази својствени само Нему, на се што постои става печат на Единственоста и изведува докази за таа Единственост. На сите страни и во сите правци го истакнува знамето на Единственоста и не известува за своето Валдеење. А тој, човекот, возвраќа со потврдување, Верување, верувајки во Единственоста, сфаќање, сведочење и вршење на должности.
Ете, преку овие начини на покорности и длабоки размуслувања, човекот станува вистински човек, покажувајќи дека навистина е најсовршена форма, со силата на Иманот станува достоен на својот еманет,сигурен Калиф на земјата.
Еј ти невнимателен човеку создаден во најубават форма кој со лоша определба одиш на страната на оние кои паднале на најниски скалила! Послушај ме! Некогаш и јас бев во состојба како и ти, опиен со младост, гледајќи непромислено, овој свет го видов убав и допадлив, но во моментот кога се отрезнив од младешката опиеност во старечкото утро, истото светско лице го видов грдо кое не е свртено кон вечниот Свет, а кое некогаш ми изгледаше убаво. Меѓутоа колку е убаво лицето што е вистински свртено кон Вечниот Свет.