* ПЕТТА ТОЧКА :
Човекот на овој свет е пратен како службеник и како гостин, дадени му се многу важни способности и врз основа на истите доделени му се важни должности. За да ги исполни тие должности тој жестоко е потстрекнуван, но и страотно предупредуван. Овде ќе дадеме краток преглед на основните човекови должности на покорност чие толкување го дадовме и на друго место, со цел на разјаснување на тајната " Во најубава форма. "
Ете, човекот по доаѓањето на овој свет е покорен во два правца.
Првиот правец : претставува покорност на еден невидлив начин, човекот поседува едно студиозно размислување.
Вториот правец : е покорност во облик на соговорништво во Негово присуство, при што чини едно обраќање, односно вршење на должности.
Првиот правец би го означил следново :
Покорно потврдувајќи го Царството на Господарот видливо во вселената, зачудувачки да се посматра Неговото Совршенство и Убавина.
Потоа, со поучен поглед едни спроти други да покажуваат дела со неспоредлива убавина кои се везови на Аллаховите имиња, како известување и објавување.
Потоа, скапоценостите на Аллаховите имиња, од кој секој е во вид на скриено духовно богатство, се мерат со кантарот на спознавањето, вредностите се проценуваат со срце и признавање на нвината вредност.
Потоа, со проучување на страниците на се што постои,кои се во вид на писма напишани со моливот на Моќта за листовите на земјата и небото да се размислува со вчудовиденост.
Потоа, гледајќи ги со допадливост украсите и пријатните дела на се она што постои,да се подарува љубов заради успешноста на Сопственикот на секоја убавина пред нивниот Совршен Создател и за да се излезе до степен на толку големтото добродетелство и да се добие Негов комплимент претставува вистински копнеж.
Вториот правец е степен присуство и обраќање,при што од делата се преминува на Создателот. Притоа тој забеле`ува дека Возвишениот Создател со необичноста на своите дела настојува да се претстави и покаже. А тој, човекот со верување и спознавање, возвраќа.
Потоа увидува, дека Милостивиот Господар со убавите плодови на милоста настојува да биде сакан. Човекот со упатување на својата љубов кон Него, извршувајќи ги своите должности за Него, посветувајќи Му ги Нему, настојува да биде засакан од Него.