Дваесет и трети збор | Втор Дел | 15
(1-20)

  * ЧЕТВРТА ТОЧКА :

    Човекот во вселената личи на нежно и чувствително дете. Во неговата слабост се наоѓа голема сила, а во неговата беспомошност голема моќ. Бидејќи неговата сила на слабоста и силата на немоќта е причина, се што постои да Му е потчинето.
  Доколку човекот сфаќајќи ја својата слабост, со јазикот, состојбата и постапките му се моли на Бога, и увидувајќи ја својата немоќ бара помош од Него, заблагодарувајќи се, во барањата толку успева и барањата му се така подвргнати, што со сопствената моќ не би можел да оствари ниту еден етсто од сето тоа. Понекогаш, греши кога барањето што му е исполнето преку молитва упатена со јазикот на состојбата, ја припишува на својата моќ.
   На пример : Силата на немоќта на едно пиле, ја тера мајката кокошка да нападне дури и лав. И малечкото лавче кое штотуку дошло на свет, потчинувајќи го под себе тој страшен и гладен лав, го остава гладен за да самото се најаде. Ете, она што треба да се истакне е силата на немоќта и што заслужува внимание е една мала искра на милоста!...
   Како што едно нежно дете со својот плач, барање или со својот тажен изглед, доаѓа до своите цели и при тоа му се потчинети такви сили, што неговата толку слаба сила, кога би била илјадапати поголема, од илјада барања, не би остварило речиси ниедно од нив. Значи дека неговата слабост и немоќ би предизвикале милосрдие и заштита при што, со малиот прст тоа би потчинило големи јунаци. Ако пак едно такво дете, негирајќи ги вниманието и милоста што му се посветени и приговарајќи на заштитата што му е пружена, горделив небаре глуп вели : " Јас нив со својата моќ ги потчинувам " , сигурно дека ќе добие тупаница.
    Значи човекот, воколку милоста на Создателот ја окривува и приговара на Неговата мудрост и така на неблагодарен начин кон благодетите небаре Карун вели

нема глас