Дваесет и трети збор | Втор Дел | 14
(1-20)
    Тој праша : " Дали ти дојде паметот во главата?"
    Одговорив : " Ми дојде. Но не ми остана повеќе сила и немам друг избор. "
    Тој рече : "Покај се ! Покори се ! "
    Реков : " Се кајам. "
Се освестив од таа состојба. Стариот Саид беше исчезнал. Себе се видов како Нов Саид.
    Ете, од оваа состојба на визија Аллах нека ја заврши со добро, неколку поими ќе протлкувам, додека останатите протолкувајте ги сами.
    Патот тоа е патување кое што тргнува од светот на душата преку мајчината утроба, младоста, староста, гробот, животот во него до повторното оживување, проживувањето и мостот до странат на вечниот живот.
    Оние шеесет златници се време од шеесет години од животот, односно времето кога ја здогледав оваа состојба и си претпоставив дека имам четриесет и пет години. немав никаква гаранција дека ќе живеам, но половината од преостанатите петнаесет години да ги искористам за Вечниот Свет ме упати еден вистински ученик на Кур'анот.
    Куќата за која станува збор, за мене е Истанбул.
    Возот го претставува времето, а секој вагон претставува по една година.
    Тунелот живот во овој свет.
    Трновото цвеќе и овошјето се недозволените уживања и забранети гледтки, во моментот на размислувањето за нивното исчезнување доаѓа болка од која срцето крвари, при разделба се кине па дури и повлекува казна.
    Вработениот во возот рече : " Дај пет гроша и ќе ти дадам од тоа колку сакаш! " Значањето на тоа е дека ушивањата и сладостите што ги вкусува човекот со поштена односно со дозволена работа, во рамките на дозволеното, се доволни да го направат човекот задоволен, не оставајќи место за забрането.
Другите делови протолкувајте ги сами.
нема глас