Дваесет и трети збор | Втор Дел | 12
(1-20)

     И бидејќи е создаден со природата која е способна за сите начини на должности, дадена му е голема способност со сите семиња на совршенството.

    Ете, во толкавиот степен богадтсво дадено во сите апарати, па и во обилниот капитал сигурно не е поради придобивање на овој безвреден минлив овосветски живот. Сигурно најголема и најважна должност на еден ваков човек е следната негова должност : Исполнувајќи ја должноста кон насочените бесконечни цели, тој преку покорност треба да ги објави своите слабости, немоќ и недостатоци и со општиот поглед следејќи како се што посоти го велича Аллах, да се потврди и да ја разбере помошта на Милостивиот во сите благодети, да Му благодари и да го посматра чудото на Господаровата моќ над суштествата и зачуден да мисли за тоа. Еј ти, кој го сакаш овој свет и кој си вљубен во овосветскиот живот и ти безгрижен човеку, кој не си свесен оти си создаден во најубав облик! Стариот Саид во состојба на визија ја виде суштината на овосветскиот живот. Послушај го неговиот пример што го преобразил во Нов Саид :
      ... Се видов себе како патник кој оди, осносно бев испратен на долг пат. Личноста што ми беше претпоставена ми даваше малку по малку од шеесетте дукати кои ми беа наменети. Земајќи ги дукатите дојдов до една куќа за забава. Во таа куќа за една вечер, на коцка, забава и останати разоноди потрошив десет дукати. До утредента во рацете не ми остана ниту скршена пара, не направив никаква зделка, заработувачка и не купив ништо за местото каде што требаше да одам. Во рацете ми останаа само болки, гревови од парите, тегоби, рани, траги од забавата.
И додека бев во таква тешка положба се појави непоснат човек и ми рече :
       " Целата готовина ја загуби и заслужуваш тупаница. Таму каде што треба да одиш ќе втасаш како губитник со празни раце.

нема глас