Дваесет и трети збор | Втор Дел | 10
(1-20)
    Притоа целиот прибор и апаратите на чувствата кои му се дадени ќе се жалат против него на денот на повторното оживување ќе сведочат против него и ќе бидат негови тужители. Но воколку сфати дека е само гостин на Племенитиот и оти треба да работи само во рамките на дозволеното за заработување на животниот капитал. Во еден така широк простор ќе работи за вечниот живот, при што постои можност за достигнување на високи нивоа. Освен тоа, сиот прибор и апаратите што му се дадени на човекот ќе бидат задоволни од него и на Вечниот Свет ќе сведочат во негова полза.
     Да, сиот тој прибор што предизвикува зачудување, на човекот не му е  даден за овоземскиот безвреден живот, уку за искористување на еден многу поважен вечен живот. Ако се спореди човекот со животното ќе се види дека човекот во поглед на апаратите и системите сто пати е над животното. Но, во овоземските уживање и животинскиот начин на живеење на човекот, тој паѓа на ниво кое е сто пати пониско од животинското. Бидејќи во секое уживање постои трага на илјадници страдања. Маките на минатото и стравот од иднината секое уживање го расипува оставајќи трага врз истото. Додека кај животните не е така. Тие уживаат без страдање, а и сладоста ја примаат без мака. Нити се надразнуваат од минатото ниту стравуваат од иднината, задоволно живеат, лежат и Му се заблодаруваат на Создателот.
   Значи, ако човекот кој е создаден во најсовршен облик, сите свои размислувања ги посвети на овоземскиот живот, и од состојбата која е сто пати над сите животни може да падне стопати пониско, пониско дури и од суштеството какво што е врапчето. Оваа вистина ја објаснив на едно друго место на пример. Еве ја причината зошто истиот пример го повторив уште еднаш. Ете вака :
   Еден човек давајќи му на својот слуга десет дукати му заповедал : " Сошиј си костум од квалитетен штоф."
нема глас