Дваесет и трети збор | Втор Дел | 8
(1-20)
   Владееше смирена атмосфера. Ме заинтересира зошто е онаму онака, а овде вака. Влегов внатре и видов дека беше многу весело. Жителите на дворецот беа поделени во просториите и зафатени со различни важни должности. Персоналот во првата просторија беше составен од управници кои воедно ја чуваа и безбедноста на дворецот. Над оваа просторија девојки и деца учеа. Над нив имаше зафатени со нежни работи и со возење, а во просторијата на самиот врв видов како домаќинот и царот беа обземени со разговор и размислување како да го сочуваат спокојството на народот и обавуваа високи долшности кои беа прикладни со нивното усовршување и напредување. Бидејќи за нив бев невидлив можев да шетам и по забранетите простории.
    Подоцна излегов и погледнав, на сите страни од овој град се наоѓаа вакви дворци. Прашав, ми одговорија : " Оние дворци пред чии порти беше весело а внатрешноста празна, им припаѓаат на неверниците и на оние кои заскитале.
   Другите им припаѓаат на големците и искрените Муслимани". Потоа наидов на еден дворец кој што се наоѓаше во еден агол. На врвот го здогледав името САИД. Обрнав поголемо внимание и ми се причини дека го видов својот лик. Со голема избезуменост викајќи се освеств и дојдов на себе.
   А сега ќе ја протолкувам таа моја состојба на занес. Нека Аллах оваа состојба ја сврти на добро.
   Ете, тој град е човековиот општествен начин на живеење и цивилизацијата на современиот човек. Секој од дворците преставува по еден човек. Што се однесува до жителите на дворците тие се како човековите очи, уши, срце, таинствености на душата, разумот, сите чувства, сите желби, страсти и гнев. Кај секој човек секое чувство има различни должности, различни сладости и тегоби.
   Егото односно нагонот и желбите, чувствата на страсти и гнев се во себе во обликот на вратарите и кучињата.
нема глас