Дваесет и трети збор | Втор Дел | 6
(1-20)
     Да,човекот личи на семка,на која што и е дадено од Моќта на Создателот духовен и важен прибор, тенок и значаен програм од Судбината, како би со делувањето под земјата, по излегувањето од тоа тесно живеалиште, влегла во широкиот воздушен свет и од својот Создавач со јазикот на способноста да побара да стане дрво и да добие прикладна височина. Ако пак таа семка поради својот лош карактер, духовниот прибор што и е даден го искористи за привлекување на штетни подземни материи за релативно кратко време ќе изгние и че се распадне. Доколку таа семка, дадениот духовен прибор го усклади со природниот закон и убаво го искористи, израснувајќи во огромно плодно дрво кое е излезено од тој тесен простор, една мала вистина, ќе се вообиличи во голема општа вистина.

  
فَالِقُ الْحَبِّ وَالنَّوَ

   Навистина Аллах е Тој кој дава зрното и семката да распукнат. Сура Ен Ам 95

   Ете, исто така и во човечкото битие е всаден тој важен прибор на Моќта и значаен програм на Судбината. Доколку човекот во овој тесен свет на земјата, под тлото на светскиот живот, тој духовен прибор го искористи за нагонски желби и страсти и тој како распадната семка поради едно мало уживање на овој краток век во еден тесен простор и во една тегобна состојба полна со проблеми ќе изгние и че се распадне и со тоа ќе ја натовари таа бедна душа со духовна одговорност, преселувајќи се од овој на оној свет. Ако пак таа надарена семка се одгледува со водата на Исламот, светлината на Верувањето и под тлото на должностите (Ибадетот) им се покори на Кур'анските одредби и сиот духовен систем го усмери кон вистинските цели, секако дека ќе биде една вредна семка која содржи програм на вечно дрво кое ќе се разграни во светски примерок и примерок на местото до повторното оживување,на кое во бескрајниот живот и во Рајот ќе му се подарат безгранично големи степени и благодети, една сјајна, раскошна машина, еден возвишен и светол плод на вселената симболизирана како дрво.
нема глас