Дваесет и трети збор | Втор Дел | 3
(1-20)
Aко пак потпирајќи се врз своето его и својата снага, ја напуштиш покорноста и молењето на Аллах џ.ш. и заскиташ во гордост и надуеност тогаш во смисла на добрината ќе паднеш пониско и од пчела и мравка и ќе бидеш послаб дури и од пјакот и мувата, а што се однесува до твојата штетност и уништување ќе бидеш потежок од планина и поопасен од епидемија.
Да,Еј човеку! Во тебе се два правца.
Првиот, дејствување вопозитивна смисла, одржување, постоење, добрина, полза, влијание.
Вториот, уништување, губење, непостоење, зло, штета и паѓање под влијание.
Во првиот случај си понизок од пчела или врапче и послаб од мува или пајак.Во вториот случај си поголем од планина, земјата и небото. Товарот кој тие го одбегнале и ја признале својата немоќ ти ќе го подигнеш.Ќе завземеш поширок и поголем простор од нив.
Бидејќи во моментот кога правиш добро и кога си од полза можеш да делуваш само во рамките на просторот каде можеш сам да доспееш колку што ти дозволуваат сопствената снага и моќ. Но воколку делуваш негативно односно во насока на штетата и рушењето, тогаш твоите лоши особини ќе им нанесат штета на другите и воедно ќе се пренесуваат на останатите.
На пример неверувањето е негативност, рушење, потврда на непостоење. Меѓутоа само таа една негативност, во себе ги содржи понижувањата и омаловажувања на целата вселена, на сите Убави Аллахови имиња и омаловажување на сите човечки особини. Сето што постои има свое високо ниво и свои важни должности. Се што постои се писма Господови, огледала на Славниот, службеници на Аллах. Што се однесува до неверувањето, сето тоа што постои го руши од нивото на огледало и вршење на должност, смисленост, до нивото на безначајност, игра на случајност и до преодна материја која надразнета од нестанувањето и опуштеноста, брзо се расипува и менува, па се спушта до степен на небитност, безвредност и празнина.

нема глас