Дваесет и трети збор | Втор Дел | 2
(1-20)
  • ПРВА ТОЧКА

      Човекот е тесно поврзан и зависен од другите видови во вселената. Неговите потреби се расфрлани насекаде по вселената, желбите му се растегнуваат до вечност. Како што посакува еден цвет, ќе ја бара огромната цела пролет. Како што посакува една градина исто го посакува и вечниот Рај. Како што посакува искрено да го види пријателот, така искрено и силно сака да ја види Аллаховата Севозвишена убавина. За да посети некоја сакана личност во друго место претходно мора да ја отвори портата на тоа место, исто така за да посети девеесет и девет отсто од своите пријатели кои се преселени во Берзахот (меѓуживот до повторното оживување) и да се спаси од вечната разделба, тој мора да побара заштита од Апсолутниот Моќник, кој ќе ги затвори огромните порти на овој свет и ќе ги отвори страотните порти на местото на собирање после повторното оживување и ќе го уништи овој свет, за да го создаде и постави Вечниот Свет.
    Ете, на човекот во ваква состојба потребно му е вакво вистинско Божество, Кој управува со се, кај Кого е целото богатство, под Чија контрола е се, Кој што е присутен секаде и Кој што не е врзан за едно место, Кој што е вон секоја слабост, Кој што е без мани и над сите недостатоци, а Тоа може да биде само Еден Аллах, Севозвишениот Моќник, Единствениот, Милостив Сопственик на секоја убавина, Совршено Мудриот. Да ги задоволи и исполни неограничените човечки побарувања може само Оној Кој има неограничена моќ и Чие знаење опфаќа се. Ако е тоа така, тогаш само Тој е достоен да биде обожуван.
     Ете, еј човеку ! Ако бидеш само Негов роб, ќе заработич ниво над сите суштества. Воколку не ги исполнуваш должностите кон Аллах џ.ш. ќе бидеш понижен роб на бедни и слаби суштества.

нема глас