Ете, еј невнимателен човеку! Погледни ги добротворноста и племенитоста на Аллах ! Покрај тоа што заслужуваш за еден грев да ти бидат запишани илјада, а за едно добро дело едно добро или воопшто да не ти се запишат, едното добро како десет, понекогаш седумдесет, седумсто па дури и седум илјади добри дела. и од оваа точка разбери : Да се влезе во Пеколот е твоја лична заслуга и тоа е целосна правдина, а да се влезе во Рајот претставува посебен подарок на Аллах џ..ш.
* ВТОРА ТОЧКА :
Кај човекот постојат два правца:
Првиот: Во облик на егоизамн, свртен кон овосветскиот живот,
Вториот : во облик на должности (Ибадет), свртен кон вечниот живот.
Ако се погледне од првиот правец, човекот е такво беспомошно суштество, што сиот негов капитал, од аспект на силата на неговата волја е како влакно мала трошка на волја, неговата моќ е само една светлост која бргу згаснува, а животот капка од времето што бргу проаѓа и од неговото постоење останува едно слабо тело кое бргу иструлува. Со таа состојба тој се наоѓа како слаба и нежна единка меѓу безброј единки на безброј видови кои се распространети на сите нивоа од Вселената.
Гледано од оној втор правец, од аспект на слабоста и бедата вперени кон вршењето на должности,човекот поседува прилично голема широчина и прилично голема важност. Бидејќи Мудриот Создател во духовното својство всадил бесконечно голема слабост и многу голема беда за да би биле едно пространо,широко огледало со бесконечни одрази, огледало на Оној со неограничена моќ на Милостив Моќник, со огромно богатство на Апсолутно Богат и Племенит.