Дваесет и трети збор | Втор Дел | 4
(1-20)

         Притоа негирајќи тој ги мрази и ги исмејува врските, сјајот и убавините на Аллаховите имиња, кои се очигледни во селата вселена и во огледалото на сето што постои. И тоа што се нарекува човечност, мудра и складна песна која возвишува, која што така убаво го прикажува сјајот на Аллаховите свети имиња, претставува очигледно чудо на моќност како пространи семки кои го содржат средството на вечното дрво, односно оној, кој со приваќање на одговорноста на најголемиот аманет, застанал пред земјата, небото и планините, кој заслужил предност пред Анѓелите, кој како сопственик на хилафетското ниво на светот, го фрла на ниво на победен, послаб, понизок од најниско преодно и исчезнувачко животно го спушта на ниво на бедно и безначајно, изобиличено, со лоша форма која брзо се расипува.

Заклучок : Душата наклонета кон злото, во својот уривашки и зол смер може да направи безброј на зла и убиства, но можностите за добро и полза се мали и незнатни. Да, една зграда, која некој ќе ја уништи за еден ден, за сто дена не може да биде направена, но воколку го напушти својот егоизам, само од Аллах бара корист и постоење, го напушта правењето зло и уништвање, престанува да се потпира врз својот его, нагон, покајувајќи се станува прв роб, тогаш станува достоен на тајната :

يُبَدِّلُ اللَّهُ سَيِّئَاتِهِمْ حَسَنَاتٍ 

На таквите Аллах ќе им ги промени лошите дела содбри. Сура Фуркан 70

И неговата безгранична способност за правење на зло се претвора во бесконечна способност за правење добрина, постигнува вредност во најубав облик и се искачува на највисоки нивоа.

нема глас