Ете, приклонувањето на тие високи значајни чувства кон егото и желбите на егото, заборавањето на основните и вистинските должности на тие чувства, е понижување, а не напредок. Другите правци можеш сам да ги протолкуваш.
* ТРЕТА ТОЧКА :
Човекот во својот правец на делување и активност, особено во насока на материјално делување претставува слабо животно, односно бедно суштество.
Неговите способности на делување и управување во тој поглед се толку тесни што едвај може да ја испружи раката. Дури и домашните животни кои му се дадени на човекот на управување, толку попримиле од човековите слабости и мрзливост, што се воочува огромна разлика кога ќе се споредат со дивите животни од својот вид, например : домашната коза и домашниот бик споредени со дивата коза дивиот бик.
Меѓутоа таквиот човек под влијание на молбите и желбите во овој светски хан, е еден мил патник. Неговиот Племенит Господар така честито го угостил што му ги отворил ризниците на Својата негоранилена Милост, давајќи под негова служба безброј зачудувачки суштества и слуги. За негов одмор, прошетки задоволства и уживања во набљудувањето, а и за правење добри дела му се отвора голем круг, пространство, што неговиот полупречник од центарот до периферните граници е толкав што може да се види со голо око, односно може да допре дури и до местото каде досегнува човечкото мечтаење. Ете воколку човекот потпирајќи се врз своето его, мечтаејќи за целите на овосветскиот живот, и во грижа само како да заработи, кој работи за некакви миновни уживања, набргу ќе се задави во прилично тесниот круг и ќе исчезне.