Но воколку имаш памет, портата на покајувањето ти е отворена, од сега па натаму од сите петнаесет златници кои што ќе ти бидат дадени, кога ќе ти дојдат во раце, половината сочувај ги за цекој случај, односно за да си купиш најосновни потребштини кои ќе ти требаат таму каде што одиш " . Гледав дека моето его не се сложува.
" Тогаш една третина " , рече. Откако пак не се согласив, тој рече : " Една четвртина " , сфатив дека егото не се откажува од старите навики. Човекот налутено ја сврте главата и си замина. Одеднаш состојбата се измени. Се видов себе во воз како да паѓам со голема брзина во еден тунел. Се вознемирив но не можев никаде да избегам. Што беше уште почудно, од двете страни на возот имаше привлечно цвеќе и вкусно овошје. Јас како наивен човек без памет, ја испружив раката и се обидов да скинам цвеќето и овошјето. Меѓутоа, цвеќето и овошјето со трње ми ја боцна и раскрвави раката, а бидејќи возот одеше понатаму, при одделувањето од нив ми ја кинеше раката, тоа ме чинеше доста скапо. Одеднаш еден од вработените ми рече :
" Дај ми пет гроша, па ќе ти дадам колку сакаш од ова свеќе и овошје. Наместо пет гроша со ранувањето на раката ќе имаш штета од сто гроша. Освен тоа постои и казна, бидејќи без дозвола не смееш да береш. "
Одеднаш, од здодевност ја извадив главата низ прозорецот за да видам кога ќе заврши тунелот. На местото од излезот од тунелот се наѕираа многу отвори. Во нив ги фрлаа луѓето од овој дол воз. Видов отворот кој беше наменет за мене. Од двете страни на отворот имаше два надгробни камења. Со заинтересираност погледнав и видов на таа надгробна плоча со големи букви пишуваше " САИД" .
Вчудовиден и со тага извикнав " Амаан" . Одеднаш го слушнав гласот на личноста што ми ги даваше советите на вратата од куќата за забава.