اِنَّمَا اُوتِيتُهُ عَلَى عِلْمٍ
Односно : " Јас тоа го заработив со своето знаење и својата сила " , секако ќе заслужи измачување.
Значи ова видливо човечко владеење и напредување на човештвото и високата цивилизација не се привлечени ниту добиени со победа, а не се ни изборени, туку сето тоа му е потчинето поради негобвата слабост, и немоќ дадени како помош, следствено на тоа поради бедата му е укажана благонаклоност, поради неукоста и неупатеноста е инспириран и со тоа му се задоволени потребите.
И причината на неговото владеење не се неговата сила и моќ на науката, туку сомилоста и благоста, милосрдието и мудроста на Аллах, Кој предметите нему му ги потчинал.
Да, човекот кој што e поразен од ползач како слепа шкорпија и змија без нозе и кој се облекува од конец што го произведува една мала бубачка и кој се храни со мед што го произведува еден отровен инсект, сигурно е дека во сето тоа не успева преку неговата сила, туку тоа е плод на неговата слабост и сето тоа му е потчинето од страната на Аллах и е почестен од страна на Милостивиот.
Еј човеку! Ако вистината е таква напушти ги својата горделивост и его. На портата на Божественоста со јазикот на барање помош за својата слабост и беспомошност, односно со јазикот на молба имолитва објави ги својата беда и потреби и покажи се како вистински роб Божји и речи :
حَسْبُنَا اللَّهُ وَنِعْمَ الْوَكِيلُ
За нас Аллах е доволен и Тој е најдобар заштитник. Сура Али Имран 173
и возвиши се
Но немој да речеш: " Јас сум никој и ништо, каква е таа моја важност за да ми биде подвргната целата оваа вселена од еден Апсолутно Мудар и токму од мене да се бара општа благодарност."