Дваесет и трети збор | Втор Дел | 17
(1-20)
Бидејќи навистина во поглед на егото и конструкцијата ти си никој и ништо, меѓутоа во поглед на должностите и нивоата имаш статус на внимателен посматрач на оваа раскошна, величествена вселена и на се што постои, создадени со таква мудрост за да бидеш красноречив разумен просудувач на книгата на вселената и еден зачуден посматрач на се што постои, кој го возвишува Аллах и има статус на старешина на сите суштества кои исполнуваат должности со јазикот на својата состојба.
     Да, еј човеку ! Во поглед на својата растителна форма и животински нагон ти си многу ситен дел, мала безначајност, бедно суштество слабо животно, во сите тие застрашувачки бранови на оваа минлива постојаност, бранувајќи си заминуваш. Меѓутоа усовршувајќи се со светлината на Верувањето, а кој ја содржи светлината на Аллаховата љубов и со воспитување во светлината на Исламот, од човечка гледна точка ти си султан во покорноста и внатре во безначајноста претставуваш потполност, а во внатрешноста на една маленкост цела вселена.
И наспроти на твојата маленкост, почесното место ти е толку големо, а внатре во својот широк надзорнички круг, си надзорник кој може да каже : " Мојот Милостив Господар овој свет го создаде за да биде мој дом, Месецот и Сонцето да бидат светилки на мојот дом, пролетта да е букет на рози, летото богата трпеза, животното мој слуга, а растителниот свет украс на потребите на мојот дом. "
    Накусо речено : Ако ги слушаш егото и ѓаволот, ќе паднеш на нај низок степен. Воколку пак ги слушаш Возвишениот Праведник и Кур'анот, ќе се воздигнеш до високи нивоа и ќе бидеш убав лик на вселената.
нема глас