Дваесетто Писмо | Прв Дел | 1
(1-9)

                                                            ПРВ ДЕЛ

Во секој од единаесетте зборови од оваа реченица за Аллаховото Единство, се крие по една радосна вест и во секоја радост по едно оздравување, а во истата и по едно духовно уживање.


*ПРВ ЗБОР : Во зборот

لاَ اِلهَ اِلاَّ اللّهُ

   Содржана е следната радост :
   Ангажирана околу безгранични потреби и против целите на безграничните непријателски напади, човечката душа во оваа реченица може да открие таква помош, која, ќе ја отвори ризницата на милоста и че ги задоволи сите нејзини потреби. Притоа ќе се најде и таква потпорна точка која ќе ја извести и запознае со својот Господ и Создател, Сопственикот на апсолутната моќ Кој ја штити ос сите непријателски злодела, упатувајќи ја кон Сеце и покажувајќи кој е нејзин Сопственик го спасува срцето од сигурна суровост, а душата од болну горчини, осигурувајќи вечна безгрижна и трајна радост.


*ВТОР ЗБОРوَحْدَهُ 

     Овој збор содржи оздравувачка и усреќувачка радосна вест. Еве како :
     Човечката душа и човечкото срце кои се во врска со останатите видови во вселената и кои поради тоа доаѓаат до степен на гушење во растроеност и хаос, во зборот   وَحْدَهُ   наоѓаат засолниште, односно Спасител, Кој ја спасува од сиот тој товар и разнебитеност.
    Односно,  وَحْدَهُ   вели во смисол :
    " Аллах е еден. не заморувај се со обраќање кон нешто друго, не трпи поништување покорувајќи се на тоа, со улизување не се потценувај себеси, не заморувај се со трчање по нив, плашејќи се од нив не трепери, бидејќи Султанот на вселената е Еден, клучевите на се се кај Него, уздите на се се во Негови раце и се се разрешува со Негова наредба. Ако Него Го пронајдеш, значи си пронашол се што ти е потребно и ќе се спасиш од бескрајните понижувања и стравови."

нема глас