И тој живот има обилство на цели и резултати кои Му припаѓаат Нему. Во тој брод ти си замо обичен кормилар, убаво исполни ги своите должности, земи си ја својата заработувачка и уживај. Размислувај за вредностите на тој животен брод, за тоа колку е полезен за битието, сопственикот на тој брод, колку е Племенит и Милостив, размисли, биди весел и благодарен. Разбери, тогаш кога своите должности ќе ги извршиш како потреба, сите резултати кои ми ги пружа истиот, на еден начин ќе преминат во книгата на твоите дела кои ќе ти обезбедат вечен живот."
* СЕДМИ ЗБОР : وَ يُمِيتُ
Тој е Оној што дава смрт, односно те ослободува од животните должности, ти го менува местото од овој минлив свет, те застоварува ос товарот на служењето, од минливиот свет те носи во вечен свет.
Ете овој збор на смртните џинови и луѓе им вели :
"Радосна вест за вас! Смртта не е исчезнување, не е пропаст,не е нестанок,не е губњењ,не е гаснење,не е вечна разделба,не е непостоење ,не е случајност,не е уништување без извршител, сигурно дека ослободување од должностите од страна на Еден Мудар Милостив, Кој прави се што сака. Тоа е промена на местото, преселување на страна на вечната среќа, во вашиот вистински дом, порта во местото во кое се останува до повторното оживување, место каде што се собрани девеесет и девет отсто од пријателите."
* ОСМИ ЗБОР : وَ هُوَ حَىٌّ لاَ يَمُوتُ
Тој е Сопственик на совршената убавина и добрина што е безброј пати над совршенството, убавината и доброчинството н се што е видливо, на се што постои во целата вселена, и што е