Дваесетто Писмо | Прв Дел | 7
(1-9)

Неговата моќ во никаков случај нема недостатоци. Во Неговата работа не може да Му попречи немоќта. Како што ја создал твојата малечка бавча Тој за тебе моше да создаде и веќе има создадено Рај. Ти има ветено и затоа што ти има ветено секако ќе те прими во него
   Како што гледаме, очигледно, секоја година на површината од земјата повеќе од тристотини илјади растителни и животински сорти и нивни популации Тој ги средува со совршен ред и склад, со совршена брзина и леснотија ги ошивува и ги размножува, бидејќи истиот Возвишен Моќник е моќен да го исполни даденото ветување.
   Ваков апсолутен Моќник примерите на оживувањето и на Рајот ги споредува на илјада начини, бидејќи во сите небесни објави ветувајќи вечна среќа, не зарадува со постоењето на Рајот. Бидејќи секоја постапка и се што е сторено е правда и вистина, праведност и сериозност и бидејќи со сведоштвото на делата, целото совршенство ги докажува и потврдува Неговото неограничено совршенство и големина и во никој случај нема ниту мани ниту недостатоци. Бидејќи неисполнувањето на ветувањата и работењето спротивно од ветеното е лага и измама, тие се најнеубави особини, недостатоци и мани, сигурно е дека Севозвишениот Моќник, Тој совршено Мудар, Милостив Сопственик на секоја убавина, ќе го исполни даденото ветување, ќе ги отвори портите на вечната среќа и вас кои верувате ќе ве воведе во Рајот, вистинската татковина на вашиот татко Адам.

   * ЕДИНАЕСЕТТИ ЗБОР :  وَ اِلَيْهِ الْمَصِيرُ

    Значи луѓето кои се испратени на овој свет, како место на искушение, со значителни должности за трговија и служења, обавувајќи ја трговијата, исполнувајќи ги должностите, по завршувањето на службата ќе се вратат кај Оној кој ги примил, кај својот Возвишен Створител и ќе се се сртенат со Племенитиот Господар.

нема глас