Дваесетто Писмо | Прв Дел | 8
(1-9)
    Односно со заминувањето од ова минливо место, во веќното место, ќе бидат почастени со стапување без никаков посредник, без завеси пред големината на Аллах, притоа ќе се ослободат од причините на неспокојство и од темните посреднички паравани и ќе се сретнат со својот Милостив Сопственик без параван во местото на вечното владеење. Секој непосредно ќе го сознае и пронајде својот Створител, својот Бог, својот Господин и својот Владетел.
     Овој збор објавува радосна вест која е над сите радости :
     "Еј човеку! Знаеш ли каде одиш и каде си упатен? Како што е при крајот на триесет и вториот збор речено : Одиш на таков степен на прием и круг на милоста на еден Возвишено Убав, каде еден час на гледање на Неговата убавина не може да се замени со илјада години од рајскиот живот, додека еден час на рајскиот живот вреди повеќе од илјада години на најсреќен живот на овој свет. Заминувате во приемниот круг на Еден Единствен Господ од праискона, кај Еден Вечен Господ, на кого Му припаѓа сета убавина на се што постои на овој свет. Се што сакате, и на што сте повргнати и маѓепсани и спрема што сте полни со мечтаење, на извесен начин претставуваат сенка и искра од Неговата убавина и Неговите преубави имиња,а сиот Рај со своите убавини, е само искра на милост, а сето чезнеење и сите љубови и сите волшебства и сите привлечности се само блесок на Неговата љубов. И вие сте повикани во Рајот што е место на вечна гозба. Ако е така, тогаш низ портата од гробот влезете смеејќи се, а не плачејќи."
   
нема глас