Дваесетто Писмо | Прв Дел | 5
(1-9)

причина за љубов, Еден вечен Господ, Еден Сакан и Вечен, чија само една искра на убавина е доволна да заземе место на сите љубови, поседува еден живот без почеток и без крај, без какво и да е сомневање за пропаст и нестанок и без недостатоци и грешки.

   Ете, овој збор на џинот и човекот и на сите разумни суштества на оние што сакаат и кои се вљубени им објаснува : "Радосна вест за вас! имате еден Вечен, сакан, Кој, лечејќи ги раните што настанале од бескрајните разделби од саканите,им нанесува лек. Со оглед дека Тој постои и дека е вечен за останатите кои и да се, не грижете се.Сигурно е дека убавината и добрината, изобилството и големината кои се причина за љубовта на саканите, е само искра на Таа Вечна Убавина и на Тој Вечно Сакан кои поминале низ многу завеси, кои претставуваат само сенка на една блага сенка. нека нивниот нестанок не ве вознемирува.Бидејќи тие се еден вид на огледала.Промената на огледалото го обновува и ја разубавува искрата на сјајот и убавината. 
Со оглед дека Тој постои,се постои.  "

   
   * ДЕВЕТТИ ЗБОР :  بِيَدِهِ الْخَيْرُ

     Односно, секое добро дело се наоѓа во Негови раце. Секое добро дело што го чините се запишува во Неговата книга, и секоја чесна работа что ја чините се бележи кај Него.
    Ете, овој збор на џинот и на човекот, возвикувајќи,им објавува радосна вест која гласи :
    "Еј беспомошни! Кога ќе се преселите во гробиштата немојте да велите: Ааах, имотот ни се уништи и сиот труд ни отиде залудно. Одејќи од овој убав и широк свет и влегувајќи под тесна земја, не викајте и безнадежно барајќи помош не очајувајте. Бидејќи се што е ваше се чува, секое ваше дело е запичано, и секоја ваша услуга е забележана.

нема глас