Дваесетто Писмо | Прв Дел | 3
(1-9)

   * ПЕТТИ ЗБОР :   لَهُ الْحَمْدُ

      Благодарноста, величењето и пофалбите Му припаѓаат само Нему. Само Тој е достоен на нив. Значи Благодетите се Негови и излегуваат од Неговата ризница, а што се однесува до ризниците тие се тајни.
     Ете овој збор вака не радува и вели :
     "Еј, човеку! Немој да тагуваш поради нестанокот на твоите благодети, бидејќи рисниците на милоста не се трошат и не очајувај во тага размислувајќи врз милостивоста на уживањата. Бидејќи плодовите на тие благодети всушност се плодови на неограничената милост. Ако дрвото е вечно и ако плодовите венеат, постојат други што ќе дојдат на нивно место.При уживањето во вкусот на благодетите, размислувајќи со благодарност,честа и милоста што ни се укажани при тоа, се сто пати поголеми од уживањето во самите благодети односно можеш едно уживање стокатно да го зголемиш.
    Како што еден важен цар, со дарувањето на едно јаболко те наговестува и те услужува со преубаво уживање во честа на дарувањето на јаболкото, кое уживање е сто а можеби и илјада пати е поголема од уживањето во самото јаболко.
     Исто така и зборот   لَهُ الْحَمْدُ   односно благодарењето со чувство на доброчинството во благодетите, односно со спознавањето на Доброчинителот и размислувањето за доброчинството, со размислување за Неговите благонаклоности, милости и преку упатеното милосрдие и продолжувањето на доброчинството, од дадените благодети ќе ти отвори илјада пати послатки порти на едно духовно уживање."


  * ШЕСТИ ЗБОР :  يُحْيِى

     Тој е оној кој што дава живот. И Оној кој со средствата за живот го продолжува животот.И животните потреби што ги подготвува пак е Тој. И сите големи животни цели Му припаѓаат Нему, а и сите важни резултати се свртени кон Него, Девеесет и девет отсто од плодовите се негови. 
    Овој збор, вака немоќниот и минлив човек, го повикува, го радува, и му вели:
    "Еј човеку! Не мачи се товарејќи ги рамењата со тешки давачки на животот.Не паѓај во очај размислувајќи за минливоста на животот. Увидувајќи ги само безначајните плодови на овој свет, не покажувај разочарување поради доаѓањето на овој свет. Сигурно е дека животниот механизам ма тлесните бродови Му припаѓаат на оној со кого опстанува животот. Тој ги обезбедува сите трошоци и птреби.

нема глас