Конференција (дел) | Конференција (еден дел) | 2
(1-6)

    Сега со објаснување зошто на првата конференција е избрана токму темата "Верување", доволно компетентно ќе ве запознаеме со ова дело и со неговиот автор. Значи вака : Во ова време непријателите на верата и Исламот, во својата уривачка програма на прво место го ставиле планот за слабеење и уништување на темелите на Верувањето. Посебно во последните дваесет и пет години, на еден невиден начин во историјата, лицемерски и под разноразни маски извршени се страотни напади врз основите на Верувањето, спроведени се многу уривачки методи.
    Меѓутоа, порекнувањето или сомневањето што се појавува кон едно од Темелите на верувањето се многу кобни и поопасни од немарноста спрема деталите на верата. Поради тоа сега најважно, да се преобрази по традиција наследното верување во вистинско верување, да се јакне Иманот со верување, при што, истиот треба да се подржува и спасува. Една одлучна и неминовна потреба што е веќе дојдена до својата крајна точка,е неопходноста да се осврнеме врз темелите на верувањето. Оваа состојба е иста, како во Турција така и во целиот Исламски свет.
   Да, од каква полза е да се поправаат и средуваат просториите на една зграда чии темели се разнишани и готови за уривање? Може ли да има полза за едно дрво, со лечењето на неговите гранки и листови да се спречи неговото сушење во мигови кога постојат настојувања за уништување на неговиот корен?
   Човекот е една градба како дворец, неговите темели се основаните на верувањето. Човекот е стебло чии што корени се основите на верувањето. Најважен од темелите на верувањето е, верувањето во Аллах, потоа верувањето во Аллаховите пратеници и верувањето во повторното оживување. Затоа првото знаење што еден човек треба да го стекне е знаењето за Верувањето. Темел на сите науки, нивен цар е знаењето за верувањето.

нема глас