Како што било во столетието во кое е објавен така тој ги задоволува потребите на секое столетие. Ете, во опсежното толкување што го имаме во ова столетие, мора да постои правец во Мудриот Кур'aн што се однесува на нашето столетие и да биде објаснуван и докажуван на начин што ќе биде достапен за сите, од оние најниските до највисоките слоеви на луѓе.
* Петто : Толкувачот ќе подучува со докажување на Кур'aнските и вистините на Верувањето, не изоставајќи ги доказите и аргументите, односно докажувањето ќе го третира како основа.
* Шесто : Предавањата за Кур'aнските Вистини мораат да бидат јаки, благоречиви, влијателни и ефикасни до степен кој разумот, срцето, душата и совеста ќе ги осветлат и задоволат, при тоа контролирајќи ги ниските барања на човечкото его до степен кога и ѓаволот ќе замолчи.
* Седмо : Ослободувајќи се од лошите особини како што се себичноста горделивоста, самобендисувањето и егоизмот кои се јавуваат како пречка при сфаќањето на вистината, ќе потруди за постигнување на високи и убави особини какви што се скромноста и умереноста.
* Осмо : Научникот кој што го пишува опсежното толкување на Мудриот Кур'aн мора да го следи суннетот (однесувањето, зборувањето и поуките) на Ресул-и Екрем, Алејхиссалату Весселам (Мухаммед а.с.м) и значењето да го применува на патот на оние што се придржуваат кон животот на Мухаммед а.с., Што значи дека мора да биде максимално праведен, богобојазен, максимално искрен, правејќи и услуга на верата да биде максимално постојан, да биде голем аскет, верен, широкограден, штедлив и задоволен со она што има.
Накусо речено оној кој го пишува толкувањето на Кур'aнот мора да биде личност во служба на Кур'aнот, достојна на Кур'aнските поглавија, односно достојна на светлоста на Мухаммед (а.с.м.), односно на Неговата максимална побожност, неговото вршење на должностите и духовна моќ и со тоа ќе биде достоен на светлоста на Мухаммедовата (а.с.м) светост.