Конференција (дел) | Конференција (еден дел) | 6
(1-6)
     * Деветто : Толкувачот мора да биде личност која при објавување на Кур'анските и шериатските прашања не паѓа под влијание и притисок, личност која не дава мислење под било какво влијание и притисок, таков кој нема да се плаши дури и од смрт, кој со силата на верувањето ќе се спротивстави на овој свет, при што вистината ќе ја кажува со гордост, поседувајќи Исламска храброст и смелост.
    Покрај тоа истиот човек мора да биде голем толкувач кој во ова страшно време на применување на смртни казни и кога не било дозволено публикување на ниедно верско дело, особено кога имале за цел уништување и гасење на Кур'aнските шериатски темели, да биде заслужен на нивното објавување и публикување , со еден збор да биде совршен духовен водач и во ова столетие еден вистински Исламски совршен водач, а што се однесува до Кур'aнот да биде негов веродостоен и голем толкувач.
    Вистински високо образовени Ислмски научници се сложиле и усогласиле дека во ова време сите горе наведени девет услови и карактеристики во потполност се присутни кај авторот Саид Нурси и неговото дело Рисале-и Нур, што е широко познато и потврдено во Исламскиот свет како во Европа така и Америка, свет кој започна да се буди.
   Ете пријатели ! Ние баравме вакво опсежно толкување на Мудриот Кур'aн и сакавме еден ваков автор на тоа толкување.
нема глас