Верувањето не се состои само во кратка потврда. Верувањето има повеќе степени. Верувањето со копирање, ќе згасне брзо особено наспроти олујните налети на денешната заблуда и изопаченост. Што се однесува до вистинското верување, тоа претставува посотјана и незгаслива сила и моќ. Доколку оној кој постигнал вистинско верување се соочува со страшните атеистички струи, тогаш пред силата на ова верување овие струи се осудени на неефикасност. Оној кој постигнал вистинско верување, дури и најголемите неверници филозофи не можат да го поколебаат и да го фрлат во сомневање. Значи потпирајчи се на овие вистини, давајќи лекција за вистинското верување, со сигурност увидуваме дека е неопходно потребно издржливост и упорност, внимателно проучување на еден дел кој содржи Кур'ански вистини и вистини за Верувањето кои јакнејќи го човечкото Верување, ќе го одведат до вечната среќа и спас. Несомнено е дека во денешно време постои можност да се падне во страотни овосветски несреќи и несреќи за вечниот живот, единствениот спас е прегрнување на еден висок превод со опсежно објаснување на Кур'анот кој ќе ги толкува речениците кои се однесуваат на верувањето од Чесниот Кур'анот и речениците кои се осврнуваат на ова столетие.
Се поставува прашење : "Дали во ова столетие постои вакво дело? " Од вашите лица, кои покажуваат просветлена возбуда, едноставно се чита ваквото прашање.
Да, многу внимателно и со грижа истражуваме да најдеме дело кое во потполност ќе ги задоволи сите овие потреби. Конечно дојдовме до заклучок дека такво дело ќе биде Кур'ански водител и совршен водител како на турската младина, така воопшто и на сите Муслимани и човештво воопшто е делото "Рисале-и Нур", на Бедиуззаман Саид Нурси.