Бидејќи преку оваа вистина, заедно со нас, со Рисале-и Нур над стотини илјади сведоци го спасиле своето Верување.
Да, во основа сме намислење дека авторот на едно вакво Кур'анско дело кое во ова дваесетто столетие ќе има ролја на општ и сеопфатлив водител, мора да ги поседува следните карактеристики, за кои видовме дека во потполност се присатни во делото Рисале-и Нур у авторот Бедиуззаман Саид Нурси и тоа :
* Прво : Авторот усовршувајќи се себе, како непресушен извор мора да го земе само Мудриот Кур'ан ...
* Второ : Мудриот Кур'ан е света Книга која ги содржи вистинските науки и едно обраќање кое што е упатено до сите човечки слоеви на сите столетија. Поради тоа, толкувајќи го Кур'анот, за точно толкување на Неговите вистини и за да биде вистински толкувач, толкувачот не смее да се раководи од сопствените сфаќања и начин на однесување, ниту смее да дозволи да дојде до мешање на своите чувства. Затоа, за утврдување на Кур'анските вистини кои значењата на Кур'анот ги манифестираат со се личноста што го толкува Кур'анот да биде научник, кој поседува широко сфаќање, да е усовршен во сите научни полиња, да има истенчен поглед, потполна искреност и притоа да поседува висока генијалност и способност за продлабоченост, односно да поседува сестран поглед и возвишена способност.
* Трето : Опсежното толкување на Кур'анот и сикреноста мораат да се ускладат така што авторот, освен стекнување на Аллаовото задоволство не смее да има за цел стекнување на никаква друга материјална или духовна полза, а оваа возвишена состојба мора да го потврдат и настаните од животот на авторот.
* Четврто : Едно од најголемите чуда Кур'анот е тоа што тој не старее и ја чува својата свежина.